УБИСТВО КУМАНОВО: Учесник во инцидентот и се предал на полицијата, пукал во самоодбрана
Бајрам Лимани еден од осомничените за убиството на Командант Шчипоња вчера вечерта и се предал на полицијата.
Тој во изјава за вестите на Алсат зборуваше за престрелката притоа напоменувајќи дека најпрво групата која е одговорна за пукањето, пукала во самоодбрана откако била нападната.
“Бевме на работното место, како вршител на должноста претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово, заедно со моите придружници кои беа таму. Оваа група влезе на работното место и не нападна, сакаа да ми ги искинат документите и досиејата што ги имав пред себе. Не нападнаа со столчиња, со тупаници... Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене и при физичката пресметка можно е да испукало некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно. Што се случи ние не знаеме, бидејќи по неколку минути тепачка го напуштивме местото на настанат. Настанот е снимен и со камери, значи постојат снимки со кои можат да видат и да утврдат и органите на правдата и јавноста, и во Македонија и надвор од неа, дека многу ни е жал, но ништо не се случи по наша вина и одговорност. Жал ми е за се, со жалење велам, ова го чувствуваме и како наша слаба точка, но верувајте, бевме нападнати на работното место“, изјави Лимани.
Лимани потенцираше дека целиот немил настан е снимен со камера и дека тој и другите неколкумина ќе и се предадат на полицијата.
„Се разбира дека на органите на правдата ќе им се предадеме, и на полицијата и на органите на правдата, бидејќи не бегаме од никаква одговорност, ако ја имаме таквата одговорност. Се што се случи таму и физичката пресметка беа во самоодбрана, повредени сме во делот на лицето, во стомакот, во главата со столчиња и сме раскрвавени. Значи, не сме луѓе што сме нападнале некое лице. Со овие лица никогаш не сме имале проблеми. Овие имаат свои цели кои јас не ги знам, но ние сме бевме на работа, службено во институција, бидејќи партијата е институција“, рече Лимани.
Имено вчера попладнето околу 15.30 часот жители на кумановската населба Бедиње беа вознемирени поради немил настан во кој едно лице настрада.
Се случила престрелка во која се застрелани три лица, а на повредите им подлегнал кандидатот за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ Џемаил Реџепи алиас командант Шипоња . Во Реџепи и во уште двајца кои биле во негово друштво е стрелано со автоматска пушка од автомобил во движење.
