Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиецот на полицаец од Куманово ќе се лечи на психијатар

Убиецот на полицаец од Куманово ќе се лечи на психијатар
Убиецот на полицаец од Куманово ќе добие психијатриска помош по барање на јавното обвинителство бидејќи е утврдено дека е непресметлив. „Основното јавно обвинителство – Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба на надлежен јавен обвинител ги подготви ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје. Согледувајќи ги наодите и мислењето кои укажуваат на непресметливост на лицето, јавниот обвинител до Основниот суд – Куманово достави предлог за определување мерка – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“, соопштуваат од ОЈО Куманово. Обвинетиот Енвер Бајрамовски со нож прободе полицаец кој со уште тројца колеги интервенирал по повик за домашно насилство.
Слично

Поврзани вести