Убиени двајца турски државјани во скопско Козле
Две беживотни тела на турски државјани кои престојувале во земјава и кои најверојатно биле на гости кај свои сватови утрово биле пронајдени во куќа на улицата „Козле“ во истоимената населба.
Според првичните информации на полицијата се работи за мајка и син, и двајцата имале смртни повреди во предлот на главата кои најверојатно им биле нанесени од огнено оружје.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот, а надлежните вршат увид на местото каде се пронајдени жртвите, несреќните мајка и син од Турција.
Слично
