Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиени двајца американски новинари додека известувале во живо

Убиени двајца американски новинари додека известувале во живо

Непознато вооружено лице денеска пукал и убил новинарка и камерман, додека извествале во живо во американската држава Вирџинија.

Убиени се 24-годишната новинарка Алисон Паркер и 27-годишниот снимател Адам Ворд, од локалната телевизија WDBJ-TV, разгранок на „Си-Би-Ес“.

На снимката што ја снимил камерманот, се слушаат пукотници, а потоа камерата паѓа на земја во моментот кога тој е погоден. На снимката продолжуваат да се слушаат врисоците на новинарката, која неколку секунди подоцна е убиена.

Нападот се случил во местото Монет, округот Бедфорд во државата Вирџинија.

Полицијата трага по напаѓачот.

Слично

Поврзани вести