Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиени директор и секретарка во пукање во гимназија во БИХ

Убиени директор и секретарка во пукање во гимназија во БИХ

Во гимназијата во Сански Мост денеска се случила престрелка во која има ранети и убиени.

Спореднеофицијални извори на „кликс“, загинале најмалку две лица и тоа директорот на училиштето и секретарот.

Има неколку ранети, а напаѓачот пукал и во професорка, за која подоцна е потврдено дека починала.

Сторителот на убиството е вработен во Мешовитата гимназија, потврдија од полицијата, но официјално не се знае каква е неговата состојба, односно дали е уапсен, во бегство или мртов. 

Неофицијалните информации велат дека напаѓачот си пукал во глава и дека во тешка состојба бил пренесен во болница.

Според изјавите на очевидците, М.В. вооружен влегол во објектот на гимназијата.

Тој, според информациите, ги застрелал директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, професорката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ.

Од тамошното МВР потврдија дека загинале тројца вработени во гимназијата

Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле и претходно бидејќи убиените биле дел од комисијата која го суспендирала М.В., пишува „Независне“.


Слично

Поврзани вести