Убиена сопственичка на хотели и ресторани во Црна Гора
Украинката Анастасија Лашманова, директорка на компанија која раководи со неколку хотели и ресторани во Црна Гора пред два дена е пронајдена мртва во стан во населбата Доброта во Котор.
Полицијата потврди дека Лашманова е пронајдена мртва и дека се работи за убиство. Засега не е познат мотивот.
Неофицијално, Лашманова имала повеќе убодни рани, а откако не можела да ја добие на телефон, полиција повикала пријателка, која се посомневала дека нешто ѝ се случило на Лашманова.
-Се обидела да се слушне со неа, но не ѝ се јавувала. Отишла до станот, но Анастасија не ја отворала вратата. Пожарникари ја разбиле блиндираната врата и ја пронашле бизнисменакта мртва.
Анастасија Лашманова е директорка на компаниите „Си трејд“ и „Мимоза груп“, која пред две години го купила тиватскиот хотел „Мимоза“. Сопственик е на хотелскиот комплекс „Перла“, на три ресторана во Порто Монтенегро и на салон за убавина во Будва, наведуваат црногорските медиуми.
Во Црна Гора дошла пред неколку години и работела како келнерка.
Неофицијално, зад фирмата „Момоза груп“ стои рускиот бизнисмен Валериј Задорин. Тој е сопственик на една од најголемите фирми за трговија со луксузни производи во Русија, компанијата „Арома“.
Задорин има луксузна вила во Тиват, а во Порто Монтенегро ја паркира својата јахта „Арома“.
Зад неа остана нејзиниот имот во Црна Гора, проценет на 105 милиони евра, што ја прави една од најбогатите државјанки на Украина.
