Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиен возачот на „Бентлито“ кое се заби во поворката на Вучиќ

Убиен возачот на „Бентлито“ кое се заби во поворката на Вучиќ

Лука Радуловиќ, кој стана злоогласен во Србија откако со Бентли се заби во автомобилската поворка на претседателот Александар Вучиќ, вечерта е убиен во Белград по вооружена престрелка. 

Радуловиќ бил тешко ранет на Црногорска улица, во близина на Бранковиот мост, а поради тежината на раните починал во болница. По напаѓачот се уште се трага, а според некои информации, тој имал помошници, кои по престрелката се оддалечиле со автомобили, пишува Б92. 

Според медиумите во Србија причина за нападот најверојатно е судир на подземјето кое е инволвирано во трговија со дрога. 

Радуловиќ во септември минатата година беше уапсен поради пресекувањето на колоната на претседателот на Србија.

Набрзо по овој инцидент беше уапсен и добипритвор, но по 20 дена е пуштен на слобода, иако подоцна беше покренато обвинение за инцидентот.


Слично

Поврзани вести