Убиен тинејџер во центарот на Скопје
Во улична физичка пресметка што се случи вчеравечер во Скопје, младо момче го загуби животот. Деветнаесетгодишниот Леард А. настрада, откако со остар предмет, за кој се верува дека е нож, беше прободен директно во срцето.
Во Градската општа болница, на раце го донел друго лице, кое исто така имал повреди по телото. За жал, младиот скопјанец набрзо им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчеравечер, околу 20: 30 на Бит Пазар. Полицијата работи на целосно расветлување на случајот и најави за утре повеќе детали.
Слично
