Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБИЕН ЕКС-ЛИДЕРОТ НА НАВИВАЧИТЕ НА ФК БОРАЦ, УШТЕ ЕДНО ПУКАЊЕ ПРЕД РЕСТОРАН: Дела е застрелан во Бања Лука

УБИЕН ЕКС-ЛИДЕРОТ НА НАВИВАЧИТЕ НА ФК БОРАЦ, УШТЕ ЕДНО ПУКАЊЕ ПРЕД РЕСТОРАН: Дела е застрелан во Бања Лука

Едно лице е убиено во синоќешната престрелка во ресторан во Бања Лука, по што местото било опколено со полиција. Според порталот Кликс, полицијата потврдила дека е убиен Дејан Костиќ Дела, кој претходно се претставувал како водач на навивачката група ФК Борац „Лешинари“.

Според неофицијални информации, Костиќ со сопругата бил во ресторанот на ручек, јави АТВ. На другата маса биле луѓе со кој Костиќ претходно бил во конфликт. Имало викање, прозивка, расправија, а потоа и убиство.

Тој изминатите години стана препознатлив за пошироката јавност откако беше објавено видео на кое малтретира келнер.

Костиќ има историја на криминални активности. Тој уште во 2010 година беше уапсен за обидот за убиство на Јован Јошил, а во таа пресметка беше убиен 19-годишниот Недељко Ќулум. Потоа беше осуден на пет години затвор.

Според информациите од полицијата, во тек е интензивна потрага по убиецот, а се сомневаат дека стрелецот бил извесен Немања Сјеница кој е во бегство.

На убиството наводно му претходела расправија во ресторан меѓу убиениот и таткото на споменатата Сјеница.

фото: Х

Слично

Поврзани вести