Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убиецот од Младеновац, татко му и вујко му не можат да располагаат со својот имот

Убиецот од Младеновац, татко му и вујко му не можат да располагаат со својот имот

На масовниот убиец од Младеновац и на неговиот татко им е забрането да располагаат со својот имот.

Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Смедерево донесе решенија со кои на осомничениот Урош Блажиќ, неговиот татко Радиша Блажиќ и вујко Горан Гавриловиќ им се забранува да располагаат со својот имот. Станува збор за автомобили и средства од банкарски сметки.

Како што велат адвокатите на оштетеното семејство Паниќ од Дубона, Иван Милосављевиќ и Милош Муниќ, тоа е направено бидејќи осомничените се под истрага, за да се елиминира отуѓување и прикривање на имот и да се избегне имотна одговорност кон оштетените.

Во мај годинава во Србија се случија два масакри. Првиот го изврши 13 годишно момче во Белград, кое сега е во психијатиска болница. 

Слично

Поврзани вести