Убиецот од Цетиње имал проблем со соседите, си ги убил жената и трите деца
Во престрелката што се случи денеска околу 16 часот во населбата Медовина во Цетиње, во близина на зградата на Владата, загинаа 11 луѓе, а шест се повредени.
Според информациите до кои дојде Курир, трагедијата се случила поради нерасчистени долгови.
Вучко Бориловиќ (34), како што пишува српскиот медиум си го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и пукал во минувачите.
„Сè уште сме во шок, не ми се верува што направи. Слушнав дека долг е причина за овој грозоморен масакр. Не бил во добри односи со соседите, ги убил, но зошто и неговата невина сопруга и децата“, изјави за Курир видно потресен роднина на убиецот.
Бориловиќ е роден на 21 ноември 1988 година во Цетиње, каде што завршил основно училиште. Посетувал средно училиште за бродска механика во Белград.
