Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВИРЕПО ЈА УБИ И ПРИЗНА ВИНА: Три децении затвор за убиецот на бугарската новинарка

СВИРЕПО ЈА УБИ И ПРИЗНА ВИНА: Три децении затвор за убиецот на бугарската новинарка

Убиецот на бугарската новинарка Викторија Маринова е осуден на 30 години затвор.

Северин Красимиров се изјасни за виновен и побара по брза постапка да му биде изречена казната. Исто така, тој пред бугарскиот суд изјави дека вечерта кога го извршил убиството бил под дејство на алкохол и наркотични средства, пишуваат бугарските медиуми.

21-годишниот Красимиров пред судот изјави дека се сеќавал дека се расправале, по што ја удрил, силувал и задушил, но не ја познавал, таа била непозната за него.

Телото на младата новинарка беше пронајдено минатата година на 6 октомври во реката Дунав, во градот Русе, Бугарија.

Инаку, по свирепото убиство Северин побегнал во Германија, каде беше уапсен и предаден на бугарските полициски власти.


Фото TVN Ruse (EPA-EFE)

Слично

Поврзани вести