УБЕДЛИВО 1 место: Македонија најзагадена европска земја во првата половина од 2015
Од вкупно 37 земји Македонија убедливо „го држи трофејот во раце“ и не ја испушта титулата најзагадена земја во Европа во првата половина од 2015г со индекс на загаденост 87.70.
Независниот истражувачки центар Нумбео ја рангираше Македонија на првото место во Европа според индексот на загаденост во првата половина од 2015 година.
После нас најзагадени земји следуваат Монако и Албанија на второ и трето место, Русија четвра, следат Украина и Малта.
Соседни Бугарија и Србија се најдоа на седма и осма позиција, деветото место го однесе Италија, додека пак Белгија е десета најзагадена земја во Европа за првата половина од 2015.
Последните три места на табелата им припаѓаат на Финска, Естонија и Исланд.
Целата анализа може да ја погледнете на овој линк.
Слично

