Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убавините на Македонија презентирани во Лондон - има ли интерес од тур операторите?

Убавините на Македонија презентирани во Лондон - има ли интерес од тур операторите?

Убавините на Македонија беа презентирани во Лондон.

Туристичкиот потенцијал на нашата земја беше претставен пред стотици туроператори од Обединетото Кралство и светот, на септемвриското вмрежување на туристичката индустрија во Лондон. 

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) објаснуваат дека брендот „Macedonia Timeless“, во Велика Британија се промовира преку престижната групација Travel Weekly која туристичката индустрија ја вмрежува и информира преку престижниот магазин, интернет едицијата и бизнис услугите кои ги овозможува. 

Македонија како земја која треба да се посети е промовирана и во „Аspire“ магазинот, кој го чита заедницата која е концентрирана на луксузни патувања и истиот има и до 200.000 читатели. 

Организирани се и наградни активности на кои се одзвале 30 тур оператори од Велика Британија.

Македонија досега како туристичка дестинација е промовирана во Брисел, Русија, Холандија, Париз, Кина, и други земји и градови. 

Според статистички податоци, во Македонија туризмот се развива и има се поголем број на гости кои претежно го посетуваат Скопје и езерата. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2016 година изнесува 129 656, а бројот на ноќевањата е 526 693.

Македонија најчесто ја посетуваат Турците, Србите, Холанѓаните, Грците и други. 



Слично

Поврзани вести