Економија, финансии, бизнис

Контакт

УБАВИ ДЕСТИНАЦИИ ВО ЕВРОПА: Се продаваат привлечни домови за помалку од 100.000 евра

УБАВИ ДЕСТИНАЦИИ ВО ЕВРОПА: Се продаваат привлечни домови за помалку од 100.000 евра

Во некои делови од Европа има привлечни домови за помалку од 100.000 евра.

1. Валона, Албанија

Таму може да се најде двособен дуплекс за околу 71.500 евра, или стан во близина на плажа за 83.300 евра. Албанија долго време важи за евтина туристичка дестинација, а сè почесто привлекува и странски инвеститори. Градот Валона, со својата историја и прекрасни плажи, е меѓу најпосакуваните. 

2. Абруцо, Италија

Во Италија често се нудат куќи по симболични цени, но тие обично бараат обнова. Во регионот Абруцо  може да се купи четирисобна вила од камен за околу 59.900 евра или куќа со поглед на езеро за околу 67.200 евра.

3. Солун, Грција

Благодарение на „златната виза“ за странски купувачи, Солун станува сè попопуларен. Таму еднособен стан може да се купи за 77.300 евра.

4. Олвера, Шпанија

Иако е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, Шпанија сè уште нуди поволни недвижности во помалку познатите региони. Во „белиот град“ Олвера, во Андалузија, може да се најде трособна куќа со тераса и панорамски поглед за околу 67.200 евра.

5. Бургас, Бугарија

Бургас, приморски град на Црното Море, е еден од најповолните во регионот. Наместено студио во близина на плажа чини околу 51.700 евра, додека двособен стан се продава за 90.600 евра.

foto Wikipedia/Giulio Gigante 

Слично

Поврзани вести