Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсениот наркобос Космајац побарал лекарска помош заради висок крвен притисок

Уапсениот наркобос Космајац побарал лекарска помош заради висок крвен притисок
Непосредно по приведувањето, уапсениот Драгослав Космајац, кого српската полиција го товари за серија кривични дела, се пожалил на болка во грбот и висок крвен притисок. Веднаш интервенирала медицинска екипа и му била пружена лекарска помош, а лекарите утврдиле дека нема потреба тој да биде префрлен во болница. Во следните 48 часа, Космајац и останатите уапсени треба да бидат сослушани од судија во претходна постапка, по што ќе биде донесена одлука дали ќе бидат задржани во притвор. Космајац, за кого полицијата се сомнева дека бил близок соработник со колумбискиот наркобос Пабло Ескобар и организатор на шверцот на кокаин од Јужна Америка на Балканот и во Европа, беше уапсен денеска по четиримесечна истрага. (ВИДЕО) Погледнете ја снимката од апсењето на Космајац!
Слично

Поврзани вести