Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени Турци за пукање кон американската амбасада во Анкара

Уапсени Турци за пукање кон американската амбасада во Анкара

Турската полиција веќе има признание за двајца виновни од тројца уапсени за пукање кон американската амабасада во Анкара.

Се претпоставува дека пукањето е ескалацаија на напнатите односи помеѓу Турција и САД во последно време и падот на турската лира.

Турската агенција „Анадолија“ објави дека судот наредил притвор за осомничените до почетокот на судењето. Уште три лица, кои претходно беа уапсени во врска со случајот, денеска се ослободени, но им било наредено редовно да контактираат со властите.

Кон американската амбасада во Анкара на 20. август беше пукано од возило во движење. Три од вкупно шест куршуми ја погодиле портата на амбасадата и еден прозорец. Во нападот никој не беше повреден, потсетува „Ројтерс“.

Канцеларијата на регионалниот гувернер соопшти дека двајца осомничени биле притворени на денот на пукањето и дека признале учество во нападот.

Тие се идентификувани како Ахмет Челиктан и Осман Гундаш и се заедно со третиот осомничен, Ерсин Бајрам, се наоѓаат во затвор, под строги безбедносни мерки.


Слично

Поврзани вести