Уапсени пет лица кои во телефоните чувале видеоснимки од отсечени глави
Во Бугарија се уапсени петмина граѓани од Косово, кои во своите телефони чувале видеоснимки на отсечени човечки глави. Полицијата ги приведила на граничниот премин “Ѓуешево” крај Ќустендил.
Лицата им нуделе поткуп на граничните полицајци, по што тие им направиле детална проверка. А откако во нивните телефони ги пронашле снимките, ги привеле и случајот сега е под надзор на Регионалното обвинителство -Ќустендил.
Притворот го потврди директорот на РГС-Ќустендил Васил Митов.
Според бугарските медиуми фотографиите кај лицата им служеле за рекламирање на “Исламска држава”.
Слично
