Уапсени околу 200 албанци од Косово и Албанија
Околу 200 албанци без документи кои имале намера на илегален начин да прејдат од Франција во Велика Британија се уапсени од страна на француската полиција.
Полицијата уапси уште 12 луѓе кои беа вклучени во овој настан, а кои биле имигранти од Албанија и Косово. Шверцерите земале од 7-10 евра по лице за нивните нелегални премини. Покрај тоа, албанско семејство со четири деца платило 15.000 евра, со цел да преминат од Франција во Велика Британија.
На чело на оваа криминална мрежа е Косовар, кој е успсен во Saint-Malo, зад кој стоела банда од 12 лица, вклучувајќи и морнари и рибари од местото Côtes-d'Armor, а исто така и шефот на фирмата Lamballe (Côtes -d'Armor), кој е исто така уапсен поради криумчарење во Saint-Brieucu, се наведува во соопштението на француските власти.
„Оваа банда на криминалци им помагала на иммигранти без докумети да одат во Англија, од кои земале голема сума пари. Четири лица се обвинети за помагање на организираната група и учество во завера“, изјавиле од Државното обвинителство.
