Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени двајца македонски градоначалници во Бугарија

Уапсени двајца македонски градоначалници во Бугарија
Двајца македонски градоначалници од источна Македонија се уапсени вчера околу 19,30 часот на граничниот премин „Делчево“. Како што јавува бугарската агнеција Фокус, тие биле уапсени откакограничната полиција во нивниот автомобил пронашла патрони за ловџиски пушки кои не ги пријавиле. Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека иако се во постојан контакт со амбасадата во Софија досега немаат официјална информација дека наши градоначалници се уапсени и притворени. Оттаму додаваат дека нашите дипломати во Бугарија се обидуваат да стапат во контакт со надлежните бугарски органи за да добијат барем потврда за овој настан. Градоначалниците се пријавиле за излез од Бугарија, по што граничната полиција и царинските службеници од бугарска страна решиле да направат проверка на нивниот автомбил „цитроен“. Во фиока во автомобилот службениците пронашле 20 ловни патрони и една кутија со 100 флоберкови патрони калибар 22 милиметри кои градоначалниците не ги пријавиле. Двајцата градоначалници веднаш биле уапсени, а дежурен јавен обвинител им одредил 24-часовен притвор.  
Слично

Поврзани вести