Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени четворица лидери на кумановската група, недостасува „Командант НАТО“!

Уапсени четворица лидери на кумановската група, недостасува „Командант НАТО“!
Во саботата во Куманово загинаа 22 лица, во уличната војна во „Дива населба“. Полицијата успеа да разбие голема терористичка група, но загинаа 8 полицајци. Полицијата успеала да уапси четворица од петте лидери на вооружената група од Куманово, објави синоќа Алсат М. Алсат по неофицијален пат ја добиле листата со 28 од вкупно 30-те лица кои ги уапси МВР. Изворите на телевизијата велат дека единствениот за кој досега нема информација е Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО. Од оние кое се фатени, Мухамед Красниќи или командант Малишева, дал лажно име. Заедно со нив се и Сами Укшини, командант Соколи и Деме Шеху, познат како Јунику. Сите четворица се од Косово. 1. Анди (Мухамед) Красниќи, командант Малишева (дал лажно име), Косово 2. Насер Бајралиу (Бег Бајра), (дал лажно име), Косово 3. Сами Укшини- командант Соколи, Косово 4. Деме Шеху- командант Јунику, Косово Според изворите на АЛСАТ М, лажен идентитет дале и други лица од групата. Целата листа ТУКА. Листата што ја објави телевизијата е неофицијална, дел од уапсените давале лажни идентитети, па можни се корекции по проверките кои ги прави полицијата. Во саботата во Куманово загинаа 22 лица, во уличната војна во „Дива населба“. Полицијата успеа да разбие голема терористичка група, но загинаа 8 полицајци. Експертите оценија дека командата на полицијата потфрлила, за разлика од самите полицајци кои успешно се снашле на теренот.
Слично

Поврзани вести