Уапсени Бугари кои тргувале со бебиња
Во соседна Бугарија „цвета“ трговијата со бебиња, а двајца Бугари се уапсени во Германија бидејќи тргувале со деца. Информацијата ја објави Државното правобранителство на Софија.
Брачна двојка по која полицијата трагала поради шверц на новороденчиња во Грција, е уапсена во Германија и наскоро ќе бидат екстрадирана.
Мажот и жената, чиј син веќе е во притвор во Бугарија, се уапсени на 29 април во Нојнкирхен, во југозападна Германија. Тие може да добијат казна затвор од 5 до 15 години. Обвинети се дека врбувале бремени жени од сиромашни средини во Бугарија од 2015 година, ветувајќи им дека ќе добијат 2.500 до 3.500 евра. Потоа ги сместувале во стан во Атина пред породувањето. Државното правобранителство не даде детали за причината за нивниот престој во Германија.
