Уапсени активисти на „Република Чамарија“
Полицијата во Албанија синоќа уапсила девет лица, активисти на т.н. „Република Чамарија“.
Неколку од лицата при апсењето биле во автомобил, додека поголемиот број од нив во селото Верве, кај Саранда, во близина на албанско-грчката граница каде одржувале некаква манифестација.
По распитот во полиција, тие се пуштени и ќе се бранат од слобода.
Обвинетите се товарат за кривично дело „формирање антиуставни партии и здруженија“ и „ распространување антиуставни текстови“.
Меѓу приведените е и косовскиот државјанин Илир Бериша (49), кого полицијата го пронашла во местото „Агенција“ во приморскиот град Саранда, во канцеларијата на оваа организација.
Слично
