Уапсени активисти кои ги наведувале мигрантите илегално да влезат во земјава
Полицијата во Грција денеска уапси 17 лица, повеќето странски државјани, за кои постои сомневање дека шират дезинформации меѓу мигрантите во кампот Идомени.
Тие се државјани на Германија, Австрија, Шведска и Португалија, но има и двајца Грци со палестинско потекло и еден Сириец. Полицијата приведе 16 осомничени лица и тие се ослободени без да се покрене обвинение против нив, додека човек со германска националност е задржан поради поседување оружје.
Грчката Влада тврди дека некои волонтери и добротворни активисти во кампот Идомени стојат зад неодамнешните немири, кога стотици мигранти се обидоа насилно да влезат во Македонија.
Слично
