Уапсени 300 мигранти во Бугарија по нивниот бунт во Харманли
Околу 300 мигранти се уапасени во Бугарија и сите се директни учесници во насилниот бунт кој го кренаа во бегалскиот камп кај Харманли во близина на границата со Турција. Апсењата ги откри Бојко Борисов и според него 6 лица од уапсените била закана за државната безбедност, посочи бугарскиот премиер во заминување за утринска радио емисија откако го посетил кампот.

Бугарски официјални лица изјавија дека меѓу 1.500 и 2.000 мигранти биле вклучени во синоќешните судирите во Харманли, прифатниот центар за мигарнти во близина на границата со Турција. Бегалците , главно од Авганистан, фрлале камења врз повеќе од 200 полицајци и пожарникари, во знак на протест поради воведениот карантин од медицинска претпазливост.

Претходно локалните жители протестираа барајќи кампот за бегалци да биде затворен. Според официјлани статистички податоци околу 13.000 мигранти, од кои повеќето се од Авганистан, во моментов се во Бугарија.
Слично
