Уапсена банда шверцери се сомничат за смртта на мигрантите во камионот
Четворица луѓе се уапсени во Унгарија и се сомничат дека се дел од група на шверцери поврзани со смртта на 71 мигрант во камионот ладилник на автопатот во Австрија.
Од полицијата сопштија дека двајца од нив се со бугарско државјанство, а еден имал унгарски документи, но бил Авганистанец.
Полицијата смета дека осомничените се дел од поголема бугарско-унгарска група за шверц на луѓе.
Инаку, во камионот кој беше пронајден вчера, загинаа 71 мигрант меѓу кои и четири деца. Според пронајдените документи, голем дел од нив доаѓале од Сирија, но имало и бегалци од други земји.
Од Австрија рекоа дека истрагата се уште е во тек но се смета дека мигрантите се задушиле во камионот.
Слично
