Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен возачот на автобусот кој излета од патот кај Куршумлија

Уапсен возачот на автобусот кој излета од патот кај Куршумлија

Возачот на автобусот кој утрово излета од коловозот и се преврте, е уапсен и предаден на основниот јавен тужител во Куршумлија поради постоење на основни сомневања дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Во несреќата немаше загинати, а шест патници се добиле со тешки телесни повреди - еден од мив со најтешки повреди, односно со повреда на слезината, е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, додека тројца се задржани во болница во Прокупље.

Останатите потешко повредени се на лично барање префрлени во Призренската болница. При несреќата 20 патници не се повредени и се упатени кон Косово и Метохија, а околу 14 часот кон Косово тргнале и патниците кои се примени во болницата во Прокупље, а притоа се отпуштени на домашно лекување.

Портпаролот на болницата во Прокупље, во која се примени 34 повредени патници, д-р Марија Деспотовиќ за Танјуг рекла дека останатите патници добиле лесни телесни повреди и се пуштени дома.

- Никој од повредените не е животно загрозен и воглавно се здобиле со лесни телесни повреди-изјавила Деспотовиќ.

Слично

Поврзани вести