Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН ТАТКОТО НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД МЛАДЕНОВАЦ: Приведен во полициска станица!

УАПСЕН ТАТКОТО НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД МЛАДЕНОВАЦ: Приведен во полициска станица!

Белградската полиција го уапси Р.Б., татко на У.Б. (21), осомничен за масакрот во Младеновац, кој уби осум жители во крвавиот пир во три тамошни села - Мало Орашје, Дубона и Шепшин. Неговата најмлада жртва е 15-годишно момче

Засега не се знае за какво кривично дело се товари приведениот татко, јави „Курир.рс“.

Уапсениот татко е поранешен припадник на вооружените сили на Србија и му е одреден притвор до 48 часа. На неговиот син, кој е осомничен за осумкратно убиство, му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Како што објави „Новости.рс“, тој се товари за недозволено држење и тргување со оружје. Уапсен е во заедничка акција на обвинителството во Смедерево и Белград и членовите на СБПОК. 

При претресот пронајдени се неколку стотини куршуми, пиштол, револвер, барутен полнеж, оптички нишани... Се истражува потеклото на оружјето што е пронајдено во оваа акција, но и тоа што го користел неговиот син за време на масакрот во Младеновац.

Да потсетиме, 21-годишниот Урош Блажиќ минатиот петок вооружен со автоматско оружје изврши масакр, во кој наизменично пукал во соседите кои ги затекнал во трите споменати села. Притоа тој уби осум лица, а 14 сеповредни. Тој е уапсен во полициска акција, по 9-часовна потрага, кога бил пронајден во крагуевачкото село Вињиште, каде се криел во кокошарник на имотот на неговиот вујко и дедо.

Му дале засолниште, а еден ден подоцна сите биле приведени.

Масакрот во Младеновац се случи нешто повеќе од 48 часа по невиденото масовно убиство во белградското основно училиште и трагедија каква што Србија и српското образование не паметат.

Слично

Поврзани вести