Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН ОПОЗИЦИСКИ ПРАТЕНИК ВО СРБИЈА: Од блокадите, полицијата го однесе со лисици

УАПСЕН ОПОЗИЦИСКИ ПРАТЕНИК ВО СРБИЈА: Од блокадите, полицијата го однесе со лисици

Радивое Јововиќ, српскиот опозициски пратеник и еден од учесниците во протестите кои последните денови блокираат сообраќајници и институции, е уапсен утрово во Нови Сад, на блокадите пред судот.

„Ги тепаш нашите деца. Ги тепаш моите студенти. Рацете ви се крвави“, викаше пратеникот Јововиќ додека го апсеа.

Телевизијата Н1 јавува дека при апсењето, Јововиќ добил удар од полицијата и не му било кажано зошто го лишуваат од слобода.

На Јововиќ, по налог на обвинителството, му е одредено задржување, а против него, како што наведуваат српските медиуми, ќе биде почната постапка за повеќе кривични дела, поврзани за насилничко однесување, загрозување на безбедноста и поттикнување на омраза.

Слично

Поврзани вести