Уапсен и втор пироман кој подметнал пожар во Грција
Грчката полиција уапси маж на возраст од 35 години, под обвинение дека ги подметнал пожарите во областа Маратон, додека имаше пожари во Мати.
Се претпосатавува дека со запалка подметнал пет пожари во Маратон, а два од тие пет се подметнати на 26 јули.
Обвинетиот при апсењето пружал отпор и се обидел да побегне. Наводно во полиција признал дека сака да подметнува пожари и да ги набљудува пожарникарите додека се обидуваат да ги изгаснат.
По страотните пожари кои ја погодија Грција, роднините и настраданите одлучија да ја тужат државата.
Во пожарите загинаа 93 луѓе.
Претходно 65-годишник е приведен како главен осомничен за подметнување пожари во источна Атика, недалеку од Атина минатиот понеделник.
Слично
