Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен градоначалникот на Букурешт

Уапсен градоначалникот на Букурешт

Градоначалникот на Букурешт, Сорин Опреску е уапсен ноќеска од Националната дирекција за борба против корупцијата за поткуп. Објави „Romania Insider“.

Обвинителите побарале од судот да одобри 30-дневен притвор за Опреску.

Според Националната дирекција за борба против корупцијата Сорин Опреску бил дел од многу добро организирана група во рамките на јавната администрација, која сакала компаниите да платат мито за да добијат набавки од различни органи, потчинети на Градското собрание во Букурешт. Групата дејствувала помеѓу 2013 и 2015 година.

Компаниите кои потпишале договори со локалните власти, може да задржи за себе само една третина од добивката од овие договори (30-33%). Останатиот дел од профитот оди за групата, која функционираше во рамките на општината. Самиот Сорин Опреску добивал 10% од профитот.

Во замена членовите на групата им помагале на компаниите да заработат јавни набавки, како влечење на конците во различни институции.

Се тврди дека градоначалникот вчера добил поткуп од 25 000 евра од четири лица. Тие поднеле сигнал до обвинителите. Доцна синоќа Опреску бил испрашуван, а потоа уапсен за 24 часа.

63-годишниот Сорин Опреску е градоначалник на Букурешт од 2008 година. Тој е избран како независен, силно поддржан од Социјалдемократската партија, чии член беше и пред тоа. Во 2012 година е реизбран.

Тој е еден од највлијателните политичари во Романија.

Претходно оваа година, еден од најблиските советници на Опреску, исто бил уапсен за поткуп.

Слично

Поврзани вести