Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен газда Нини

Уапсен газда Нини
Српската полиција го уапси поранешниот генерален директор на Југоремедија, Јовица Стефановиќ Нини. Освен него, полицијата ги апси и екс-директорот во Југоремедија, Златко Марковиќ, како и директорката на компанијата „Нини“ од Ниш, чиј сопственик е исто така газда Нини. Тие  се сомничат дека ја  злоупотребиле  службената положба и дека со малверзации ја оштетиле компанијата Југоремедија за околу 7,5 милиони евра. Газда Нини и е познат на македонската јавност со своите бизнис во Македонија, преку Македонска банка и Јака, па се до неговиот обид за влез во фабриката Европа. Познато е дека ова не е прво апсење на Нини во Србијa. Пред две години тој беше уапсен за проневера тешка 5 милиони евра, за толку пари ги оштетил акционерите на компанијата Срболек.
Слично

Поврзани вести