Уапсен е поранешен градоначалник на Охрид!
Портпаролот на МВР Иво Котески за Фактор ја потврди информацијата дека е уапсен поранешен градоначалник на Охрид.
Веста утрово ја објави порталот Охрид1.
Според информациите, полицијата веќе подолго време вршела истражни дејствија. Сомненијата се дека организирана група, со криминалнии активности, се стекнала со противправна имотна корист од повеќе од два милиони евра.
Приведени се и други десетина лица.
Повеќе детали се најавени за подоцна.
Слично
