Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен директорот на аеродромот во Белград – на „Визер“ му дозволил да лета со попуст

Уапсен директорот на аеродромот во Белград – на „Визер“ му дозволил да лета со попуст
Директорот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ Велимир Радосављевиќ е уапсен денеска во Србија, под обвинение дека го оштетил претпријатието за околу 207 милиони динари (нешто помалку од 2 милиони евра). Министерството за внатрешни работи го сомничи дека со нискотарифната авиокомпанија „Визер“ во јануари 2010 година склучил Меморандум за разбирање со кој и одобрил користење на аеродромски услуги по многу пониска цена, вклучувајќи и попуст од 20% на патничката такса, иако такви поволности не можеле да и бидат одобрени на ниту една компанија. „Овие поволни услови за користење на аеродромските услуги се воведени како можност со Заклучок на српската Влада дури од 30 декември 2013 година и тоа со исполнување на одредени критериуми, кои Визер не ги исполнувал“, соопштува српското МВР. Со користење на аеродромски услуги по пониска цена Визер стекнал добивка од над 200 милиони динари. Велимир Радосављевиќ бил назначен за директор на белградскиот аеродром во декември 2009 година, само еден месец пред да ја додели ваквата поволност за нискобуџетната авиокомпанија. Унгарската компанија „Визер“ во април годинава драстично го намали бројот на летови од Белград и го обвини аеродромот „Никола Тесла“ дека намерно ги подига цените за аеродромските услуги за да и помогне на домашната компанија „Ер Србија“.  
Слично

Поврзани вести