Уапсен Албанец во Римини - извикувал „Исламска држава“
Полицијата во италијанскот град Римини уапси Албанец, затоа што кога му побаралe документи почнал да се заканува и да извикува „Исламска држава“, а во рака држел медал со натпис на арапски јазик.
Според пишувањата на електронското издание на албанскиот весник „Шекули“ се работи за 21-годишно момче кое е уапсено во стан во споменатиот италјански град. Кога полицијата дошла да го котролира неговиот пријател кому претходно му била изречена мерка домашен притвор.
„Италијанската полиција го контролирала лицето кое било во домашен притвор. Во станот го затекнала 21-годишниот Албанец, чиј идентитет не се наведува, кој почнал да и се спротивставува на полицијата при што еден од полицајците бил и лесно повреден со железен предмет“ - пишува „Шекули“.
Уапсениот Албанец е во притвор. Пред судот ќе одговара за поддршка на ИД, како и за попречување и повреда на службено лице при вршење на службена должност.
