Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВРДИ ДЕКА СО ЧИСТА СОВЕСТ САКАЛА ДА ГИ УБИЕ: Бугарката која избоде три лица во Софија побара доживотен затвор

ТВРДИ ДЕКА СО ЧИСТА СОВЕСТ САКАЛА ДА ГИ УБИЕ: Бугарката која избоде три лица во Софија побара доживотен затвор

Бугарката која избоде три лица во Софија побара доживотен затвор и вели дека со чиста совест ги бодела луѓето и сакала да ги убие. 

Градскиот суд во Софија нареди жената која избоде тројца мажи во бугарскиот главен град да биде испратена во психијатриската клиника во затворот Ловеч. Таму треба да се направат прецизни испитувања на нејзината психичка состојба, затоа што има докази дека Надежда Кондева боледува од параноична шизофренија.

Во рок од 30 дена треба да стане јасно дали младата жена ќе одговара законски за нападот со нож на булеварот „Витоша“.

„Нападот го извршив намерно. Ако ме ослободат, ова ќе се повтори. Сакам доживотна затворска казна“, изјави во судницата Надежда Кондева.

Младата жена избоде неколку лица со нож на булеварот Витоша во главниот град. Кондева е во тешка психотична состојба, дезориентирана и склона кон агресија, а престанала да ги зема и лековите.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести