Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВОРНИЦА ДУХАНА РОВИЊ: Фирмата цврсто гази на пазарите во регионот, дали ќе се продава до крајот на годината?

ТВОРНИЦА ДУХАНА РОВИЊ: Фирмата цврсто гази на пазарите во регионот, дали ќе се продава до крајот на годината?
Менаџментот на ТДР истражува различни стратешки можности за компанијата, а целта е осигурување што подобра одржливост во работењето на компанијата и секако што подобра перспектива за фирмата. Плановите се задржување на производството во Хрватска, сигурност на работничките права и се останато што хрватската тутунска компанија ќе ја направи стабилна, ова во Ровињ на годинашново дружење со новинарите од регионот го изјави првиот човек на Управата на ТДР, Мато Задро. Задро не сакаше да ги коментира информациите дека ТДР до крајот на годината ќе биде продадена на Japan Tobacco International (ЈТИ). „Тоа се шпекулации и не можам да коментирам ништо“, потенцираше Задро. И директорот за корпоративни комуникации на Адрис Групацијата, Предраг Грубиќ не сакаше да ги коментира шпекулациите за продажба на ТДР. „Се што во овој момент може да се каже  е дека во ситуација кога четири компании држат повќе од 80% од светскиот пазар и повеќе од 90% пазарот во западна Европа ТДР размислува и разгледува различни стратешки можности како да се зголеми одржливоста на компанијата и секако задржување на работните места во Канфанар и производството во Хрватска. Се друго е шпекулација“, додаде Грубиќ. Во 2013 продадени 9,5 милијарди цигари   Вкупната продажба на ТДР во 2013 година изнесувала 9,5 милијарди цигари, од кои 64,5% е извезено. Со пазарен удел поголем од 60% и 3,4 милијарди продадени цигари ТДР има водечка улога на хрватскиот пазар. 60% пазарниот удел во Хрватска 30% пазарен удел во Босна и Херцеговина 23% пазарен удел во земјите од регионот Во 2013-та година ТДР во Македонија продаде 510 милиони парчиња цигари, што е раст од 7 проценти во однос на претходната година.  Македонскиот ориентален тутун интересен за ТДР, но што ако се намалат субенциите за тутунарите Хрватскиот тутунски гигант од Ровињ е присутен на македонскиот пазар и како значаен откупувач на македонскиот ориентален тутун. Од година во година се зголемува количината на откупениот тутун, па така лани се откупени 1.050 тони тутун, што е раст од 5 отсто во однос на 2012 година. Прашањето на кое засега нема експлицитен одговор е што по препораките на Светската здравствена организација  за намалување на субвенциите за тутунопроизводителите? Адрис групацијата се фокусира на туризмот Инвестициите на Адрис групацијата во последните десет години изнесувале околу седум милијарди куни (1 евро = 7,6 куни) Она што во моментот од групацијата се фокусирани е развојот на туризмот, пред се во изградба на хотели со 4 и 5 ѕвезди. Нивната последна аквизиција хотелот Хилтон империјал во Дубровник е продолжување на стартегијата на раст и развој на хотелиерството. Адрис групацијата се фокусира и на проиводство на здрава храна..Со Кромарис, Адрис групацијата е најголем производител на риби на Јадранот. Во фокусот засега се два пазари Хрватска и Италија. Адрис групацијата и во осигурителниот бизнис Најстарата осигурителна компанија во Хрватска „Кроација осигурување“ со пазарен удел од 34,1%, а присутна и на пазарите во Југоисточна европа (Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија) сега е дел од Адрис групацијата. Планот е реконструирање на друштвото, капитално зајакнување и значаен исчекор во регионот со цел создавање на регионален лидер во осигурителниот бизнис. Адрис групацијата една петина од нето добивката ја издвојува за дивидена, а додека четири петини одат за пораст и развој. Во изминативе 20 години акционерите на Адрис групацијата имаа просечен годишен приход од 28% на своите акции. М.И.
Слично

Поврзани вести