Твој кро лајф инвест - животното осигурување ве штити и ви штеди
Животното осигурување е сѐ почеста опција на граѓаните за дополнителна заштеда и заштита на своето семејство. Со склучување полиса за животно осигурување вие осигурувате, штедите и градите предуслови за финансиска сигурност. Штедењето и финансиската безбедност за осигурен случај не се единствени бенефити од животното осигурување. Во последно време на осигурителниот пазар сѐ почеста e опцијата преку полисата за осигурување на животот во исто време да се вложува во инвестициски фондови.
Во таков случај, со еден производ добивате животно осигурување и можност за дополнителен принос од вложување во удели во инвестициски фондови. Освен заштедата што ја добивате по истекот на полисата во износ кој е договорен и загарантиран, корисникот преку вложените средства во инвестициски фонд може да добие и дополнителна сума. Еден од предводниците на овој тип осигурување кај нас е Кроација, при што компанијата има воспоставено соработка со неколку инвестициски фондови. Оттаму средствата, во име на клиентот, се вложуваат во удели, а изборот кој фонд ќе биде наменет за инвестирање на средствата зависи од самиот клиент.
Придобивките од овој вид инвестициско осигурување се временски и просторно неограничено осигурување, можност за остварување атрактивен принос со умерен ризик, професионално управување со средствата на фондот, диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти, автоматско реинвестирање на добивката и намалени трошоци за управување со средствата, доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија.
Траењето на осигурувањето кај ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ може да биде од 10 до 25 години, а се опфаќаат лица на возраст од 14 до 65 години. Плаќањето може да биде месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, минималната премија при еднократна уплата е 2500 евра, додека минималната премија при повеќекратна уплата изнесува 300 евра.
ПР - објава
