Твитот на Маск избриша 365 милијарди долари од вредност на крипто пазарот за еден ден
Стотици милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути, откако извршниот директор на Тесла, Елон Маск, објави на Твитер дека производителот на електрични возила ќе го прекине купувањето автомобили со биткоин
Околу 18 часот во средата кога Маск го објави соопштението, вредноста на целиот пазар на криптовалути изнесуваше околу 2,43 трилиони долари. До 20:45 часот, пазарната капитализација се намали на околу 2,06 трилиони долари, бришејќи околу 365,85 милијарди долари.
Пазарот оттогаш има загуби и практично стана јасно дека еден твит избриша околу 180 милијарди долари од неговата вредност. Според податоците на Coin Metrics, биткоинот падна приближно 7 проценти на околу 50.228 американски долари
Во февруари, Тесла во годишниот извештај објави дека компанијата купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и планира да ја прифати крипто-валутата за плаќања.
За одлуката да престане со таа практика Маск денеска ги наведе загриженоста за животната средина и рече дека Тесла е „загрижена за рапидно зголемување на употребата на фосилни горива за рударство и трансакции со биткоин, особено јаглен, кој има најлоши емисии.
