Твитер во Турција куртули, Јутјуб останува блокиран
Уставниот суд на Турција и дефинитвно ја укина забраната со социјалната мрежа Твитер, со образложение дека блокирањето е против слободата на изразување.
Блокадата на Твитер во Турција траеше две недели, откако на 21 март пониските судови одлучија да ја забранат микро-блог мрежата под образложение дека на неа се нарушува правото на приватност.
Неофицијално, зад забраната се сметаше дека стои турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој јавно најави блокирање на социјалните мрежи, незадоволен затоа што преку нив се ширеле информации за корупција во неговата Влада.
Сепак, во Турција сеуште е на сила блокадата на сервисот Јутјуб. Оваа забрана беше воведена пред една недела, а судскиот процес за истата е во тек. И двете забрани наидоа на остра критика од меѓународната заедница, но и од турските граѓани кои важат за прилично активни на социјалните мрежи.
Слично
