Економија, финансии, бизнис

Контакт

Твитер пак достапен во Турција

Твитер пак достапен во Турција
Административниот суд во Анкара ја укина претходната блокада на услугите на социјалната мрежа „Твитер“ во Турција. Со ова практично „Твитер“ мрежата е повторно целосно достапна во Турција. Властите пред шест дена ја забранија популарната микроблог мрежа со образложение дека „Твитер“ не ги почитувал одлуките на турските судови. Официјално, турскиот телекомуникациски регулатор БТК соопшти дека „Твитер“ одбил да отстрани содржини и линкови со кои се кршела приватноста на граѓани. Но, неофицијално, јавноста во Турција и во светот во забраната препозна остварување на најавите на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган дека е подготвен да ги забрани социјалните мрежи на кои се ширеле „невистини за работата на Владата“. Ердоган вчера на гласи дека блокадата на услугите на „Твитер“ е внатрешно прашање на Турција и побара од Европската унија, САД и другите фактори да се занимаваат со сопствени проблеми и да не ја учат Турција на лекции од демократија. „Тоа што ние го сторивме е наше внатрешно прашање. За тоа има судски одлуки. Зошто ЕУ го игнорира тоа што се случува во други земји? Нека се однесува со нас, онака како што се однесува со другите земји. Што се однесува со слободите, ние сме отидени многу понапред од повеќето земји во ЕУ. Таква слобода на информирањето, како кај нас, нема во повеќето од нив. Човек може да го нарече и навреди премиерот како сака. Такво нешто не може да се направи во повеќето од тие земји“, рече Ердоган.  
Слично

Поврзани вести