Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВИТЕР НА СУД ПОРАДИ НЕПЛАЌАЊЕ ЗАКУП ЗА ОБЈЕКТОТ ВО САН ФРАНЦИСКО - долг преку 100 илјади долари, а се заканува и тужба за неплатени чартер летови

ТВИТЕР НА СУД ПОРАДИ НЕПЛАЌАЊЕ ЗАКУП ЗА ОБЈЕКТОТ ВО САН ФРАНЦИСКО - долг преку 100 илјади долари, а се заканува и тужба за неплатени чартер летови

„California Property Trust“ го тужеше „Twitter“ за неплаќање кирија на објектот што го користи во Сан Франциско.

Станува збор за објектот што „Твитер“ го користи како свое седиште, а „Калифорнија проперти труст“ реши да поднесе тужба поради неплаќање закупнина, односно долг од 136.250 долари.

„Блумберг“ пишува дека компанијата на 16 декември го известила „Твитер“ дека има рок од пет дена да го плати долгот, но кога тој не бил испочитуван, следувала тужба.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека Твитер престанал да плаќа кирија за сите свои глобални канцеларии за да заштеди пари.

На компанијата и се заканува и тужба поради неплатен износ од 197.725 долари за чартер летови кои сопственикот Елон Маск ги користел во текот на првата недела во улогата на првиот човек на „Твитер“. Во тој период донесе неколку адвокати од компанијата „Спејс Икс“ за да го засили адвокатскиот тим на „Твитер“.

(Извор: Klix)

Слично

Поврзани вести