Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВ Шења од понеделник на малите екрани!

ТВ Шења од понеделник на малите екрани!

Македонскиот медиумски простор од понеделник ќе биде збогатен со уште еден независен медиум ТВ Шења.

На чело со главниот уредник Исмаил Синани, поранешниот уредник на Алсат-М,  Мухамед Зекири кој ќе биде дел од новиот медиум вчера ја најави новата кабелска телевизија.

Местото во новиот медиум го најдоа и Алди Бакиу, Јулија Симоновска, спортскиот водител Фатом Зугаради, Линдита Кадриу.

„5 минути порано! 5 минути поблиску! Точни! Јасни! Правични! Еднакви  ... Ова е целта на Телевизија ШЕЊА, најновиот електронски медиум во Македонија. Сите што ќе сакаат да ја знаат вистината, сега им се отвора нов прозорец. Без страв Без уцени Без ракавици Вистината која не сте ја чуле ќе ја слушнете тука!“, напиша вчера Зекири на својот Фејсбук профил.

ТВ ШЕЊА ќе биде двојазичен (албански и македонски) независен медиум и ќе може да го гледате низ целата територија на земјава, a  ќе може да се следи и во територијата на Албанија и Косово како и во диjаспората .

Слично

Поврзани вести