Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гордана Јанкуловска во моментов чека да биде изведена пред истражен судија

Гордана Јанкуловска во моментов чека да биде изведена пред истражен судија

Ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е првоосомничена во акцијата „Титаник" за злосторничко здружување со цел местење на изборите, во моментов со своите адвокати е во Основниот суд Скопје 1, каде чека да биде изведена пред истражен судија, објави Телевизија Шења.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека во првиот процес со кодно име „Титаник“ осомничени се повеќе лица, меѓу кои и поранешен министер за внатрешни работи и поранешен министер за транспорт и врски, како и секретар на Владата. За осум лица е одредена мерка притвор.

Од СЈО информираат дека постои основано сомнение оти поранешните министри, заедно со други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите, како и да интервенираат во избирачкиот список во корист на партијата од која доаѓаат.

Слично

Поврзани вести