Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тужбата на битолскиот градоначалник против новинарката Блажевска падна на суд

Тужбата на битолскиот градоначалник против новинарката Блажевска падна на суд
Судот ја отфрли како неоснована тужбата на градоначалникот на Битола Владимир Талески против новинарката Анета Блажевска. Бившата новинарка на ,,Утрински весник’’ беше тужена од градоначалникот за текстот ,,Колку е богат Владимир Талески”, кој беше објавен во ноември 2013 година. Таа беше тужена за пренесена изјава од седница на Советот на Битола, каде сегашниот пратеник од  СДСМ, Васко Ковачевски зборувал за имотот на градоначалникот Талески. Освен дописничката Блажевска, тој поднесе тужби и против главниот и одговорен уредник на „Утрински весник“, Соња Крамарска, МПМ како издавач, како и сегашниот пратеник на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски. Талески за овој текст бараше оштета од 42 000 евра.
Слично

Поврзани вести