Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тутунски комбинат Прилеп со загуба околу 2 милиони евра

Тутунски комбинат Прилеп со загуба околу 2 милиони евра
Во периодот од јануари-март годинава Тутунскиот комбинат од Прилеп има загуба од околу 2 милиони евра, покажува консолидираниот неревидиран финансиски извештај доставен до Македонската берза. Од продажба Комбинат во првиот квартал од годинава остварил 1,3 милиони евра, за разлика од 5,4 милиони евра во истиот период лани, што е пад на приходите од продажба за 77%. Комбинатот на домашниот пазар продадал цигари во вредност од 945.350 евра, наспроти продажбата од 4,2 милиони евра во првите три месеци лани. На странските пазари пак остварил продажба од 338.130 евра, за разлика од 1,2 милиони евра во истиот период лани.
Слично

Поврзани вести