Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тутунарите по азбучен ред ќе ги подигаат субвенциите од банките

Тутунарите по азбучен ред ќе ги подигаат субвенциите од банките

Тутунопроизводителите од денеска до петок ќе можат субвенциите да ги подигаат од шалтерите на банките. Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тие ќе можат тоа да го сторат по утврден азбучен редослед, односно според првата буква од презимето на тутунопроизводителот.

Списокот изгледа вака:

21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д; 22

22 април (среда) презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;

23 април (четврток) презимиња кои започнуваат на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, Р;

24 април (петок) презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, дел од тутунарите е имаа право да ги подигнат субвенциит од банкомат и покрај полицискиот час, во периодот од 16.00 до 23.00 часот. 


Слично

Поврзани вести