Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тутунарите и Министерот се договорија за дел од барањата – повисоки субвенции нема да има

Тутунарите и Министерот се договорија за дел од барањата – повисоки субвенции нема да има
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков,  дециден, неприфатливо е барањето на тутунарите за зголемување на субвенциите по килограм тутун од 60 на 90 денари. Ваквиот свој став денеска тој го истакнал на средбата со претставниците на тутунарите кои неодамна протестираат поради незадоволството од ниските откупни цени и манипулациите на откупувачите. Тие на средбата го информирале министерот за проблемите со кои се соочуваат на терен, за ниските откупни цени како и проблемот со вишокот тутун. Според тврдењата на претставниците на тутунопроизводителите на откупните пунктови, откупувачите манипулирале со класите, каде, како што велат, прва класа речиси и да нема, и да е за прва го класифицирале како втора или трета класа, велат тие. „Влагата годинава го уништи квалитетот на тутунот и затоа за да се надомести штетата бараме субвенцијата од 60 денари да се зголеми на 90 денари за килограм. Ако  имаше добра стратегија  немаше да дојде до оваа ситуација, откупот можеше да почне и порано“, велат претставниците на тутунопроизводителите. Сепак на средбата министерот прифатил две од трите барања на тутунарите и им ветил дека ќе наложи да се зајакнат инспекциските контроли со што ќе може да се врши реална проценка на тутунот, а на средбата бил договорен и целосен откуп на тутунот заедно со вишоците.  
Слично

Поврзани вести