Туторство, помош или булдожер дипломатија: Евродипломатите со различни оценки за кризата!
Различни ставови на странците или слободни стрелци во дипломатијата? Вака би можеле да се протолкуваат дел од изјавите на некои европарламентарци деновиве, откако стана јасно дека кризата во Македонија ќе се решава на високо ниво.
- Сметам дека мешањето во внатрешните односи во Македонија, како што гледам дека некои го прават, не е добро и не може да придонесе во решавање на кризата, туку ја продлабочува. Јас сум уверена дека со малку добра волја решение можете да пронајдете сами. Помошта е секогаш добредојдена, но длабоко верувам дека на Македонија не ѝ треба туторство и дека македонскиот народ на скорешните избори сам ќе избере каква власт сака, изјави европарламентарката Петир од Хрватска во интервју за Телеграф. мк.
Ваквата нејзина порака доаѓа во време кога Германија најави дека кризата во Македонија ќе ја решава со булдожер дипломатија, а истата ќе добие поддршка и од САД и другите европски земји.
Инаку, изборот на Јоханес Хајндл за специјален пратеник ни малку не е случаен. Според дипломатски извори, станува збор за амбасадор со одлично познавање на состојбите во регинот. За неговиот ангажман поддршка дала и шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, објави Фактор.
Од друга страна, познавачите на состојбите во Европа не ги чуди разноликоста во ставовите. Тоа што Петир има едно мислење, кое е сепак малцинско, е богатството на ЕУ. Сепак, нејзиниот глас е минорен, таа доаѓа од мала земја, и нејзиното мислење може да послужи само во внатрешните работи на Македонија, но не и во решавањето на проблемите.
Јоханес Хајндл доаѓа во Скопје-Стартува германската булдожер дипломатија
Слично
