Турски воен хеликоптер слета во Грција, екипажот бара азил
Во Александруполос во северна Грција слета турски воен хеликоптер, а членовите на екипажот побараа политички азил.
Оваа информација ја соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Во хеликоптерот имало осум луѓе, кои веднаш по слетувањето се уапсени и побарале политички азил.
Грчките медиуми пишуваат дека приведените се вклучени во обидот за воен удар во Турција.
Слично
